Microsoft креираше апликација за далтонисти

48

boja

Microsoft креираше апликација Color Binoculars, што ќе им помогне на далтонистите да ги распознаваат боите. Апликацијата нуди три различни режими кои ги третираат најчестите типови на далтонизам: црвена – зелена, зелена – црвена и сина – жолта.

Софтверскиот инженер од Microsoft, Том Овертон вели дека со апликацијата, преку камерата на телефонот, оваа категорија на луѓе објектите ќе може да ги гледаат во вистинската боја.

Color Binoculars засега е достапна за iOS оперативниот систем, а сè уште не се знае кога ќе може да се инсталира на Android.