Првата асоцијација за робот е моќни метални уреди преполни со електроника, но во лабораторијата на Универзитетот во Лос Анџелес (UCLA) е создаден роботот BALLU – балон полн со хелиум и две тенки ногарки, пишува Tech Crunch.
Името на роботот – BALLU е акроним од Buoyancy Assisted Lightweight Legged Unit. Овој робот нема да крева тешки предмети, но ќе биде прилично стабилен при движење. Горниот дел од роботот е направен од полиестер исполнет со хелиум, а тенките нозе се направени од кабли. Роботот може да се користи за пренос на лесни предмети, алати и сензори на потешко достапни места.
Научниците развиваат и нова верзија на прототипот, којашто би требало да ја задржи мобилноста и да има поголема носивост.