Фото: Pixabay
Entrepreneur нуди пет совети како стартапот да го издржи процесот на растење на бизнисот.
Бидете отворени за промени
Ако во водењето на вашиот старт – ап сте отворени кон промените, поголеми се шансите бизнисот да успее.
Користете социјални медиуми
Стартапите имаат големи придобивки од користење на социјалните медиуми. Во промовирање на вашиот старт – ап може да ги користите социјалните медиуми каде што ќе го претставите производот и услуга, а ќе може да добиете повратни одговори, критики, жалби и пофалби од клиентите.
Комуницирајте
Кај стартапите постои совршена атмосфера за комуникација, бидејќи тимот што работи во развивање на бизнисот е мал и сите членови се вклучени. Во мала група којашто работи заедно, комуникацијата е императив за одржување на мирот.
Постои граница околу тоа што може да се сподели со тимот и кога, но треба да се одржува отворена комуникација за успесите, падовите, големите одлуки, идните планови…
Вработете таленти
Вработете луѓе кои се посветени и талентирани. Ангажирајте луѓе кои се страствени за вашиот производ или услуга, се способни и паметни и можат брзо да се прилагодат на менување на животната средина. Побарајте кандидати кои ќе покажат желба и способност да растат со бизнисот.
Поставете цели за раст
За стартапот да ја постигне поставената финансиска цел треба напорно да се работи. Кога ќе се постигне тоа, многу од стартапите остануваат таму каде што се, без амбиција да постигнат повисока цел. Поставување цели на раст ќе ги предизвика сите во тимот да бараат можности, инвестиции и начини да бидат поефикасни и покреативни во работењето.