Кина: Со технологија за препознавање лица против крадци на тоалетна хартија

40

hartija

Фото: Pexels

Технологијата за препознавање на лица се користи за различни цели, а најновиот пример за нејзина употреба доаѓа од Кина.

Еден од најпосетените јавни тоалети во Пекинг, што се наоѓа во комплексот Temple of Heaven, поради крадењето на тоалетната хартија од тоалетите воведе технологија за препознавање на лица. Оние кои имаат потреба од хартија ќе мора да застанат пред  поставената камера три секунди (претходно вадејќи ги очилата за сонце или капата) и автоматот ќе им даде хартија во должина од околу 60 сантиметри. Оние кои ќе доаѓаат премногу често ќе бидат одбиени и секој ќе мора да чека девет минути пред да го користат апаратот повторно, пишува Guardian.

Оваа необична рестрикција има за цел да се справи со однесувањето на оние кои ја земаат хартијата за дома што претставува кражба и злоупотреба на јавните ресурси.