
Технолошкиот индекс Nasdaq нагло падна во четврток, забележувајќи го најголемиот дневен пад во изминатите 19 месеци и влезе во зоната на техничка корекција, под влијание на тонењето на цените на акциите на производителите на чипови, а ваквите настани на берзата предизвикаа реакција од Доналд Трамп.
Индексот Nasdaq потона во среда за 1.421 поен или 5,52 проценти, на 24.314 поени. Другите најважни индекси на Волстрит исто така претрпеа остри загуби, па така Dow Jones потона за 3,44 проценти, на 51.523 поени, а S&P 500 за 4,36 проценти, на 7.353 поени.
Индексот на страв на Волстрит, скокна за дури 70 проценти, што е неговиот најголем дневен процентен раст во последните речиси две години, и сега е на највисоко ниво во изминатите седум месеци.
Вчера, Nasdaq го забележа најголемиот дневен пад од април 2025 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „Ден на ослободувањето“, воведувајќи царини за стоки увезени во САД.
Ова е втор ден од големите распродажби на акциите од вештачката интелигенција на берзата и петтиот еднодневен пад на Nasdaq од повеќе од 500 поени од средината на октомври, а сега е во корекција, откако изгуби речиси 12 проценти од рекордно високиот максимум достигнат на 6 октомври. Имено, индексот паѓа во корекција кога паѓа за 10 проценти од својот неодамнешен врв.











