
Горан Марковиќ, од 1 јануари 2027 година, презема повисока позиција во Дојче Телеком како Senior Vice President Commercial Growth Europe и ја завршува функцијата Главен извршен директор на Македонски Телеком.
Во новата улога ќе биде одговорен за продолжување на успешниот раст на комерцијалниот бизнис на деветте пазари во европскиот сегмент на Групацијата и ќе одговара директно на Доминик Лерој, член на ДТ Управниот одбор задолжена за Европа.
Процесот за избор на нов главен извршен директор е во тек, а Македонски Телеком продолжува со своите активности и стратешки приоритети, соопштија од Македонски Телеком АД Скопје преку Македонска берза.












