На отворените денови на Централниот регистар на Република Македонија, кои почнуваат од денес, граѓаните и правните субјекти ќе можат да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.
Отворените денови ќе се реализираат во сите 11 регионални канцеларии на Централниот регистар, каде тимови од стручни лица ќе им бидат на располагање на граѓаните. Акцијата почнува во Велес, а распоредот за следните денови ќе биде објавен на веб страницата на Централниот регистар.
Како што велат од Централниот регистар, најмногу прашања очекуваат во врска со актуелното бришење на компаниите согласно последните измени на Законот за трговски друштва, но и за новините што се спроведуваат во Регистарот и за задолжницата како инструмент за обезбедување на побарувањата.