Профункционира првата индустриска зона Прилеп 1

54

103485738Првата индустриска зона Прилеп 1 вчера беше официјално пуштена во употреба преку поставувањето камен – темелник за изградба на печатница.

Парцелите во зоната, вкупно 21, на површина од околу 50.000 метри квадратни беа продадени на електронска аукција.

Поставувајќи го камен-темелникот заменик, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески порача дека отворањето нови работни места и изградбата на капацитети на домашните инвеститори се приоритет за Владата.

“Тие се крвотокот на економијата, создаваат работни места. Ги почитуваме сите што вложуваат во вакви тешки времиња”, истакна Ставрески, оценувајќи дека со индустриските зони и слободната економска зона Алдинци за странски инвестиции, ќе дојдат подобри економски времиња за Прилеп.

Првиот стопанственик кој гради капацитет во зоната Прилеп 1 е сопственикот на печатницата Провиста, Зоран Дамчески.

“Парцелата ја купив по 2 евра за квадрат на електронската аукција и многу ми е поисплатливо тука да градам, отколку да адаптирам некој постоечки простор. Печатницата е на 1.800 метри квадратни и се вработени 20 лица со можност за нови вработувања”, изјави Дамчески.

Во индустриската зона предвидено е да никнат капацитети од прехранбената, графичката и индустријата за минерални суровини, а наскоро во општината ќе никнат уште две индустриски зони.