Како да станете пофлексибилни

fleksi

Фото: Pexels

Флексибилноста значи способност да се реагира на различен начин во зависност од условите. Таа може да ви помогне да се справите со различни животни ситуации, дури може да ве насочи кон авантура и учење. За да останете конкурентни во бизнисот мора да се прилагодувате на секоја промена што ја носи времето и затоа потребно е да бидете пофлексибилни. Да бидете флексибилни значи да бидете покреативни и повеќе информирани. Тоа бара многу обиди и грешки. Но, важно е да не чувствувате страв и стрес кон промените коишто ќе се појават. Лекциите што ќе ги научите ќе ви помогнат да станете пофлексибилни во животот.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да станете пофлексибилни.

Започнете полека

Флексибилноста не се стекнува преку ноќ. Ако премногу се форсирате тоа може да има обратен ефект и да ве врати назад. Наместо да брзате, за почеток во вашето слободно време обидете се да правите нешто ново и поразлично.

Преиспитајте ја листата на обврски

Вашата листа на обврски може да биде многу обемна. Можеби ќе успеете да ги завршите, но под голем стрес или ќе се соочите со потешкотии во прилагодувањето на ненадејни промени во вашиот распоред. За да ги избегнете овие проблеми обидете се да ја измените вашата to – do листа.

Работи што мора да ги завршите. Направете посебен дел во вашата to – do листа во којшто ќе ги вклучите работите кои имаат рок на извршување (задачи кои мора да ги завршите веднаш).

Работи што би сакале, но не мора да ги завршите. Во овој дел вклучете ги задачите што нема да предизвикаат големи последици ако не ги завршите.

Планирање на цели и настани. Овие задачи може да ги испланирате на крајот од денот.

Променете ја утринската рутина

Ако вашата утринска рутина прави да се чувствувате досадно, тоа е знак дека треба да направите промени. Менувањето на рутината ќе направи да се чувствувате попродуктивни, поенергични и пофлексибилни.