Фото: Pixabay
Тим хирурзи од Клиничкиот центар во Крагуевац, го вградија првото 3D печатено ребро во Србија. Лекарите операцијата ја извеле во соработка со тим од Факултетот за инженерски науки во Крагуевац, кои со помош на компјутерско моделирање и 3D печатење го направија анатомскиот имплант, пишува Startit.rs.
Реконструираната коска е долга 12 сантиметри, а е направена од медицински цемент и зајакната со титаниум, со што е идентична со отстранетото ребро.
Вештачките импланти и 3D печатени предмети може да се користат и во други области на медицината, кај реконструкција на коски, тетиви и други видови на ткива, како и за креирање на протетички делови на телото.
“Имплантот го фиксиравме од едната страна за ‘рбетниот столб, а од другата страна за соодветниот дел од реброто. На тој начин, ѕидот на градниот кош е целосен, вратен во првобитна состојба, така што и механиката на дишење и размена на гасови е адекватна“, изјави проф. Др. Слободан Милосављевиќ, хирург во Клиничкиот центар во Крагуевац, пренесува РТС.
Операцијата за вградување на овој имплант траела околу четири часа.