Samsung ќе инвестира 18,6 милијарди долари во фабрики за производство на чипови

68

samsungФото: Facebook

Јужнокорејската компанија Samsung во наредните четири години ќе инвестира 18,6 милијарди долари во своите фабрики за производство на чипови и екрани за паметни телефони. Со овој потег Samsung сака да ја зацврсти водечката позиција на пазарот за мемориски чипови, за кои побарувачката постојано расте, пишува Reuters.

Samsung планира до 2021 година да ги прошири и надгради своите производствени погони во јужнокорејските градови Пјонгтаек и Хвасеонг и да вработи 440.000 работници.

Компанијата држи околу 40% од светскиот пазар на мемориски чипови и оваа гранка е заслужна за добрите финансиски резултати во последните неколку квартали.