Дронови ќе насадат цела шума во Мјанмар

47

drva

Фото: Pexels

Изминатите пет години група селани кои живеат по течението на реката Иравади во Мјанмар засадиле 2,7 милиони дрва за да го обноват екосистемот којшто исчезнува со децении. Но, бидејќи работата е макотрпна побарале полесен начин за да ја завршат работата и ја ангажираа старт – ап компанијата BioCarbon Engineering којашто користи дронови за садење на дрва.

Дроновите на BioCarbon Engineering може да посадат 100.000 дрва во еден ден. Со цел да се засадат повеќе дрва, дроновите имаат систематски пристап, прво летаат за да ја мапираат топографијата и да изберат најдобра локација за садење, а потоа следи фрлањето на семиња на соодветните места, пишува Inhabitat.

Проектот на садење на дрва со дронови ќе започне од септември и ќе опфати површина од 250 хектари и еден милион дрвја.