Фото: Eta
Eta е часовник што наместо час и минути, покажува каде се наоѓаат вашите блиски луѓе, пријатели, семејство, соработници во одредено време од денот. Секоја стрелка претставува одредена личност и секоја нејзина позиција на часовникот покажува каде е нејзината дестинација.
Eta функционира заедно со Eta апликација за мобилен телефон. За да се поврзете со луѓето од вашиот круг, тие требада ја преземат апликацијата и да ги споделат нивните локации со вас. Со цел да се задржи приватноста, информациите за локациите не се чуваат повеќе од два дена.
Како што вашите блиски го минуваат денот, така стрелките покажуваат на одредена икона изгравирана со ласер на часовникот. Ги има вкупно 12, исто како и часовите. Почнувајќи од дома, па сè до училиште, работа, патување, болница и слично, часовникот соодветно известува за движењата на луѓето.
Eta доаѓа во две дрвени варијанти, светла даб и темна орев, додека шесте стрелки се изработени од алуминиум, а ги има со обични или металик нијанси.
Иновативниот часовник којшто моментално има своја кампања на Kickstarter може да се смести било каде во домот или на работното место. Освен што ве поврзува со локациите на оние што ви значат, истиот ја елиминира потребата од постојано следење на мапи на вашиот телефон или барање на апдејти.