Naturalise е “жива” лежалка исткаена од растенија на коишто не им треба почва за да растат. Таа е дело на Аиноа Гармендиа, дизајнерка од Шпанија, а нејзината цел е да се зголеми свеста кај луѓето за загадувањето и рециклирањето.
Проектот е дел од истражување што е еден вид на повик луѓето да престанат да фрлаат работи и да создаваат предмети што се “живи”. Според Гармендиа, на тие “живи” предмети ќе им треба нега и затоа нема толку лесно да се фрлаат.
“Навикнати сме на предмети што траат кратко. Само ги заменуваме наместо да ги поправаме. Треба да го намалиме отпадот, а не да го создаваме”, вели дизајнерката.
Naturalise беше дел од изложбата I See Colors Everywhere во Милано, Италија за време на Модната недела.
Фото: Cargo Collective