Велс: Флексибилни соларни панели ќе обезбедуваат енергија за цел остров

130

pexels-photo-421888

Фото: Pexels

Во главниот град на Велс, Кардиф, на островот Flat Holm ќе се тестираат огромни соларни панели што се виткаат во ролна, пишува New Atlas. Тестот треба да покаже дали тие ќе можат да обезбедат доволно сончева енергија за да се задоволат потребите на варовничкиот остров којшто иако не е населен со луѓе, понекогаш го посетуваат туристи.

Флексибилните соларни панели можат да генерираат повеќе енергија од обичните панели од причина што имаат поголем капацитет во помал пакет. Зад нив стои британската фирма Renovagen, којашто работи на адаптирање на технологијата за индустриска употреба.

Панелите се одмотуваат со помош на малечка приколка за две минути и обезбедуваат 11 kW енергија. Може да се постави и поголема верзија од нив со товарни камиони, за помалку од еден час, а добиената енергија во тој случај ќе биде 300 kW.

Островот претходно добивал енергија од обични соларни панели и дизел генератор, но сега потребно е почисто и пофлексибилно решение, со цел да се зголеми бројот на туристите.