Фото: Pixabay
Труст претставува облик на монополистичко здружување во коешто компаниите договорно прифаќаат однос на доверба и цврста поврзаност, остварувајќи монополистичка положба на пазарот.
Иако формално и правно се самостојни, тие имаат заеднички менаџмент што е поврзан со финансиските магнати кои располагаат со нивниот контролен пакет на акции. Овој облик на монопол може да биде: хоризонтален труст – или здружување на компании со поврзано производство на исти производи и вертикален труст односно здружување на компании поврзани со комплементарно производство.
Трустовите при одредување на цената вообичаено се изедначуваат според просечната рентабилност на компаниите членки на трустот, така што секоја членка ќе добие еднаква дивиденда, а екстра добивката на најрентабилните компании се слева во фондови за акумулација на целиот труст.
Начинот на којшто функционираат трустовите не дозволува слободна конкуренција, а тоа може да се предизвика и сериозни проблеми на мали и средни претпријатија.