Intel and Amazon развија технологија за препознавање на глас

51

img_0593_production

Фото: Intel

Intel и Amazon го создадоа Intel® Speech Enabling Developer Kit, уред што нуди решение за директна гласовна команда од далечина, стои во соопштението.

Според Intel, машините треба добро да го препознаваат јазикот на корисниците и да умеат да ги извршуваат командите и од далечина.

На уредите им требаат низа од микрофони и комплексна технологија за намалување на бучавата. Квалитетната гласовна интеракција значи идентификација на гласот на корисникот од далечина, елиминирање на амбиенталната бучава, придушување на шумот и разбирање на гласовните команди на микрофоните дури и кога свири музика.

Intel Speech Enabling Developer Kit го овозможува токму тоа, разбирање на командата од корисникот дури и во најбучна околина, благодарение на осумте микрофони, алгоритми за придушување на звукот, дигитален процесор на сигнали и фокусирање на Wi Fi сигналот.