Седум правила за успешен деловен ручек

302

rucek

Фото: Pixabay

1. Појадок, ручек, вечера и кафе

Уште на самиот почеток, сфатете дека деловниот „ручек“ веќе не се однесува на оброкот на средината на денот. Терминот „деловен ручек“ е воведен пред многу години кога бизнисот се водеше повеќе во атмосфера „од девет до пет“, па бизнисмените склучуваа зделки во текот на ручеците. Во денешниот свет, функционираме 24/7. Кога последен пат имавте работен ден од осум часа? Така, традиционалниот ручек може да се претвори во било кој оброк или пауза, од ран појадок до попладневно кафе.

2. Агенда и цели

Честопати кога во равенката ја додаваме храната, луѓето забораваат на целта на состанокот. Без оглед на тоа што на маста има и храна, мора да ја имате на ум едноставната вистина за деловниот ручек: тој е ист како кој било друг состанок. Затоа, кога присуствувате на деловен ручек мора да имате агенда за она за што сакате да зборувате и да ги дефинирате целите што сакате да ги постигнете.

3. Тоа е само бизнис, ништо лично

Храната предизвикува чувство на удобност. Кога ни е удобно, може да го изгубивме фокусот врз нашата цел, и наместо тоа да се опуштиме до таа мера што ќе завеземе личен став кон лицето со кое сме на ручек. Имајте го на ум овој факт пред да одите на следниот деловен ручек. Се очекува да разговарате и за приватни нешта, но останете понастрана од подлабоки лични теми и дискусии. Овде се работи за бизнис. Имате агенда. Имате цели. Откривајте лични податоци само ако тие ви помогнат да ја остварите целта.

4. Без алкохол

Ништо не ја подобрува сигурноста во себе и своите способности како пијалок на средина на денот. Но, деновите на ручек во два со мартини се завршени. Од вас се очекува да бидете одговорни. Пиењето ги намалува вашите способности. Дали навистина сакате да ги намалите своите способности за постигнување на агендата и целите? Дали настина сакате да оставите слика дека ќе се вратите во канцеларијата да довршите неколку битни работи откако сте испиле неколку чашки? Не. Тогаш речете не на алкохолот.

5. Внимавајте на своето однесување

Деловниот ручек може да биде место на кое начинот на кој се однесувате може да му наштети на односот. Дали некогаш сте биле на ручек со човек кој се однесува како неандерталец? Тој најверојатно продолжил да зборува додека ја џвака храната, плукајќи наоколу парчиња од  јадењето додека зборува. Веројатно тој се протегнал и врз масата, земајќи нешто од вашата чинија, прашувајќи ве малку доцна „дали ќе го јадете тоа?“ Ако воопшто ве интересира соодветното однесување, најдете прирачник кој ќе ве упати на тоа какво однесување или манири ќе имаат негативни ефекти врз постигнувањето на поставените цели.

6. Нека зборуваат тие

Никој не сака некој кој постојано зборува за себе. Луѓето сакаат дијалог, некој кој ги слуша и кој остава впечаток дека се интересира за она за што зборуваат. Слушајте повеќе одошто зборувате. Без да го прекршите правилото на одржување дистанца, споделете доволно информации за да создадете врска или одговорете на прашањата што ги имаат, а потоа фокусирајте се на она што другото лице има да го каже.

7. Платете ја сметката

Оној кој го побарал состанокот треба да ја плати сметката. Затоа, ако вие го инциравте состанокот, кога ќе дојде сметката, извадете ја вашата кредитна картичка. Размислете дали постигнавте сè што сакавте во текот на состанокот. Ако не, дали може да го постигнете тоа сега кога на состанокот му се ближи крајот? Исто така, никогаш не потенцирајте дека вие плативте за јадењето, дури ни на шега, затоа што на тој начин ќе направите луѓето да се чувствуваат како ваши должници и тоа може да ги намали шансите повторно да се сретнат со вас на деловен ручек. На крајот, ако инсистираат тие да ја платат сметката или да ја поделите истата, прифатете ја понудата. Ако сакаат така, дозволете им го тоа.

(Текстот е преземен од http://www.inc.com/matthew-swyers/7-rules-of-a-successful-business-lunch.html)