Фото: PhoneSoap
PhoneSoap 2.0 е футрола што за 10 минути дезинфицира паметни телефони на безбеден начин со помош на UV зраци. Освен што темелно ги чисти од бактериите и микробите, уредот истовремено го полни и телефонот што се наоѓа внатре.
Големината одговара на Apple iPhone X, Apple iPhone 8 Plus, Google Pixel 2 XL, Samsung Galaxy Note 8 и сите останати смартфони со слична големина. PhoneSoap 2.0 не користи никакви други средства што можат да му наштетат на телефонот, како топлина, течности или хемикалии.
Во футролата има вградено две UV-C ламби коишто произведуваат специфична бранова должина на светлината што минува низ клеточните ѕидови на бактериите и вирусите со цел да ја оштети нивната ДНК. PhoneSoap 2.0 ги убива и оние микроорганизми што создале отпорност на хемикалии и антибиотици.
Уредот има акустични излези дизајнирани да овозможат слушање на нотификации од телефонот дури и кога е внатре.