Што можеме да научиме од неуспехот

28

blackboard-2618793_960_720

Фото: Pixabay

Неуспехот е составен дел од животот. Од нас зависи колку значење ќе му придадеме, како ќе го прифатиме и што ќе научиме од него. Со секој погрешен чекор учиме, созреваме и поинаку гледаме на работите.

Неуспехот е најдобриот учител што на малку потежок начин ни ги предава лекциите. Наше е добро да го научиме следново:

Дека тоа не е конечната опција

Никако. Неуспехот значи дека мораме да продолжиме напред, дека тоа не е крај и во ниеден случај не е наша конечна опција.

Дека умееме да ги контролираме емоциите

Стануваме свесни за себе и за својата моќ да ги контролираме емоциите, токму кога ќе доживееме неуспех. Лошите моменти нè прават силни и нè поттикнуваат да не се откажуваме.

Дека сме способни да најдеме алтернативен начин

Неуспехот едноставно нè мотивира да побараме алтернативен начин на решавање на проблемот. Ни ги отвора очите дека постојат повеќе опции и дека една од нив води до успехот.

Дека сме доволно мотивирани да се обидеме пак

Кога нема да успееме, можеби не веднаш, но кратко потоа сакаме да докажеме сепак можеме и сме целосно мотивирани за уште еден обид.

Дека умееме да ги препознаеме пречките

Преку неуспехот дознаваме кои се пречките и како да ги елиминираме во следниот обид. Некои од нив успешно ќе ги заобиколиме, други ќе ги прескокнеме а третите сами ќе исчезнат пред нашата решителност.

Дека ни е потребно редефинирање на приоритетите

Токму неуспехот е тој што нè учи да ги редефинираме нашите приоритети. Да ги ставиме во преден план нештата и луѓето кои ни се најважни. Ако успехот спаѓа во нив тогаш ги преземеме сите неопходни мерки за негово остварување.

Дека сме подготвени за успех

И секако. Неуспехот нè учи дека следен чекор е да успееме и дека единствен неуспех е ако се откажеме. Затоа добро научете ја лекцијата и бидете подготвени за успехот.