Што е потребно за да успее еден старт – ап ?

48

create-3026190_960_720

Фото: Pixabay

За да може еден старт – ап успешно да зачекори на претприемачката сцена потребно е да се исполнат следниве услови:

Добар тајминг

Многу е важно кога ќе го стартувате вашиот бизнис. Треба да се внимава дали времето е погодно за конкретниот тип на старт – ап, дали пазарот тоа го бара, дали може финансиски и технолошки да одговори на предизвикот, дали сопственикот на стартапот може во годините што следуваат целосно да се посвети на тоа. Не треба да се избрзува, ниту пак да се чека ако условите се создадени. Секој бизнис е различен и потребна е добра проценка на сите околности пред да се стартува на старт – ап сцената.

Дефиниран производ/услуга

Без производ или услуга нема да постои ни стартапот. Она што прво треба да се има предвид е изнаоѓање решение за конкретната група на купувачи. Производот треба да одговори на потребите на клиентите, а ваша грижа е да не отстапите од она што сте го започнале. Внимавајте и со цената, таа не смее да биде ниту превисока ниту прениска. Може да додадете дополнителна вредност или одредени карактеристики на тоа што го нудите, но првенствено одговорете на тоа што пазарот го бара во моментот.

Комуникација

Комуницирајте со луѓето, поврзувајте се со различни личности во различни индустрии, особено со оние кои би можеле да ви помогнат да го изградите вашиот бренд. Доколку веќе познавате влијателни луѓе, искористете ја нивната моќ кога најмногу ќе ви треба. Во случај да немате такви, ширете ја вашата мрежа на познаници и пријатели. Никогаш не се знае кој човек може да ви помогне и кога.

Финансии

Без разлика дали тоа ќе бидат од вашиот џеб, од некои инвеститори, или заем, пари мора да се обезбедат. Особено на почетокот кога треба да бидат покриени сите трошоци, финансиите се од клучно значење. Не ретко стартапите не успеваат токму поради недостаток на пари и лошата проценка за потребната сума.