Nissan ќе продава сончеви панели и батерии за складирање на енергија

153

untitled

Фото: Nissan UK

Производителот на автомобили Nissan од неодамна започна со продажба на сончеви панели за домови во Велика Британија, како и на батерии за складирање на енергија, стои во соопштението.

Nissan Energy Solar е решение што комбинира сончеви панели наменети за домаќинствата и систем за складирање на енергија со цел да се искористи што е можно повеќе од овој одржлив извор.

Системот има за цел да се намалат сметките за електрична енергија и домовите да станат што понезависни од мрежното поврзување. Друга предност на Nissan Energy Solar е тоа што корисниците ќе можат да го зачуваат вишокот на енергија и да го користат и ноќе.

Производот има и систем за менаџирање на енергијата со којшто корисниците ќе можат да контролираат кога ќе сакаат да ја искористат. Освен трошоците за енергија Nissan Energy Solar ги намалува и емисиите на штетни гасови.

Цената на производот е 3.881фунти (5.394 долари).