Фото: Kickstarter
SonarPen е паметно пенкало без батерија, дело на стартап од Хонг Конг, наменето за пишување и цртање на iPad и таблет вклучувајки ги и постарите модели.
За пенкалото да функционира корисникот треба само да го поврзе со 3,5 милиметарскиот влез за слушалки на iPad-от или таблетот. Ваквите пенкала се навистина скапи, а некои работат само со последните модели на iPhoe и iPad.
SonarPen ги има истите карактеристики како секое паметно пенкало, вклучувајки “шорт-кат“ копче, и контрола на интензитетот на пенкалото додека пишувате. Батеријата на обичните вакви пенкала трае една или две години, додека SonarPen нема рок на траење.
Моментално, пенкалото е достапно во четири различни бои.
Производот има своја кампања на Kickstarter каде досега има собрано 72.813 долари, од потребните 25.947 долари, а кампањата трае уште четири дена.
Првите испораки на производот се очекуваат да бидат во јуни годинава.