Фото: IndieGoGo
HyperCube е уред што полни три различни уреди истовремено, има вградено Bluetooth звучници и е компатибилен со IOS и Android оперативните системи.
Коцката има LED дисплеј со LED часовник, а полнењето е два пати побрзо од обичните полначи.
Таа емитува и звуци како на пример капки дожд, морски бранови и слични релаксирачки амбиентални звуци што помагаат за полесно заспивање.
Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Бруклин, Њујорк и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 28.691 долари од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште два месеци.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.