Фото: IndieGoGo
Mini PC е најмоќниот 5 инчен компјутер со 8GB рам меморија и десктоп верзија на Windows 10.
Овој мини компјутер има Bluetooth, HDMI и USB влез, а може да се поврзе и со телевизор. Исто така, може да го приклучите на надворешна тастатура, глувче и хард диск.
Освен WIndows 10, може да се инсталира и Android оперативен систем, по желба на корисникот, а батеријата му трае до 6 часa.
Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Хонг Конг и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 748.931 долари од потребните 20.000 долари, а кампањата трае уште 18 дена.
Првите испораки на производот се очекува да биде во септември годинава.