Главниот директор на Starbucks се повлекува

После повеќе од 40 години кариера во американскиот ланец на кафетерии, Хауард Шулц, главниот директор на Starbucks се повлекува од својата функција, пишува The Independent. Во следните дваесет дена управувачката палка ќе му ја предаде на Кевин Џонсон и ќе се посвети на личниот напредок, а американската бизнис заедница веќе наголемо шпекулира за негов ангажман во претседателската трка.

Хауард Шулц е во Starbucks од 1986 година и е најзаслужен за развојот на глобално препознатливиот бренд. Кога првпат станал шеф, Starbucks имал само 11 локали, денес пред неговото заминување овој кафе бренд го има во 77 земји со преку 28.000 кафетерии. Затоа, за него се вели, дека ја створил американската култура на испивање кафе.

Според Forbs, Хауард Шулц “тежи” 2,8 милијарди долари.

Фото: Facebook