Хидроцентралите на АД Електрани на Македонија во првото полугодие од 2018г, произвеле 832.042 MWh со што го натфрлиле планираното производство на електрична енергија за 70,5%, стои во соопштението.
Во однос на минатата 2017 г. кога производството на хидроелектраните во првото полугодие беше 401.693 MWh, производството е зголемено повеќе од двојно. Досега најголемо производство во однос на планот имаат ХЕЦ Шпилје која заклучно со 30 јуни испорачала 267.505 MWh и ХЕЦ Глобочица 160.115 MWh, или двојно повеќе од планираното за овој период од годината.
Годишниот план овие капацитети го исполнија во тек на месец јуни. Мавровскиот хидроенергетски систем го натрфли планот за околу 58% кој испорача 172.107 MWh, и има солидна резерва на вода во мавровската акумулација доволна за производство на преку 340.000 MWh.
Натфрлање од 31% бележи ХЕЦ Тиквеш, а 54% каскадата на Треска, ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Света Петка. Во соопштението се наведува дека резултатите се должат на оптимизацијата и на одличната погонска подготвеност на хидроелектраните.