Се шири мрежата на соработка со стопански комори од целиот свет

50

12ed707a-a6da-4cef-af79-99955c665104Во рамките на 8-от Светски коморски конгрес во Доха, Катар, Сојузот на стопански комори ја прошири својата мрежа за соработка со Стопанските комори од целиот свет.

Претседателот на ССК, Златко Калеников потпиша меморандуми за соработка со коморите на Јордан и Уганда, што е продолжение на праксата на Сојузот на стопански комори за продлабочување на соработката со Светските комори.

Следна дестинација на македонската делегација е Дубаи, каде ќе се остварат повеќе средби со компании од Обединетите Арапски Емирати, но и со бизнис заедницата со цел да се продлабочи економската соработка и со оваа земја.

Сојузот на стопански комори заедно со Агенцијата за странски инвестиции и Дирекција за технолошко индустриски развојни зони беа Рубин спонзори на Светскиот коморски конгрес. Македонската делегација и нашата земја беа успешно претставени и учествуваа во панел дискусиите на разни теми од стопанството.

Калеников и Вернета Вокер, потпретседателот на консалтинг, обука и оценување на BoardSource – USA, зборуваа на тема Како до одржлив успех при менаџирањето на Стопанските комори, на која присуствуваа претседатели на Стопанските комори присутни на конгресот и делегати.

Интересот на странските инвеститори за Македонија се зголемува, особено во делот на прехрамбената и кондиторската индустрија. Се вршат преговори за можна соработка и со компании од Оман, Кувајт и Саудиска Арабија. Македонската делегација имаше преговори и со Катар Холдинг кој веќе пројавил интерес за докапитализација на Елем, Хасад Фуд за преработка на зеленчук, а Катар Ди Ер за изградба на хотелски објекти.

На саемот учествуваа 1.500 делегати, од  105 земји од светот.