Отворен повик на CEED HUB Скопје за учество во UPSHIFT програмата

Единствена можност за сите оние кои имаат идеја за производ и услуга, како и за оние кои имаат иновативно решение за одреден проблем во нивната заедница.

CEED HUB Скопје, со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој ви нуди можност преку учество во UPSHIFT програмата да ја развиете идејата, да најдете решение на проблемот што сте го препознале и да добиете финансиска поддршка да ги реализирате.

Учеството во оваа програма ќе ви овозможи:

  • Да стекнете нови вештини и знаења
  • Да решите некој социјален проблем во вашата заедница
  • Да научите како да ги дизајнирате, развиете и имплементирате вашите идеи
  • Да стекнете нови пријателства и запознаете млади луѓе со слични интереси и вредности
  • И да освоите 2.000 евра и вашата идеја да ја претворите во реалност.

Заинтересираните имаат обврска е да го идентификуваат проблемот, да направат тим од најмалку 2 а најмногу 5 млади луѓе на возраст од 13-19 години и да се пријават до 10-ти септември 2018 година.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување можете да се информирате на е- маил mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.