Што се материјални трошоци?

1797

Материјални трошоци претставуваат вредносен износ на потрошените средства за производство што ce пресметува во вредноста на новопроизведениот производ или во вредноста на вкупниот производ, произведен за одредено време.

Тие го претставуваат паричниот израз на пренесената вредност. Тука спаѓат потрошената вредност од средствата на трудот, наречена амортизација и потрошената вредност од предметот на трудот.

Материјалните трошоци сочинуваат еден дел од вредноста на производот, односно на стоката. Процесот на производство е единство на личниот и материјалниот фактор, кого го сочинуваат средствата на трудот и предметот на трудот, или заедно претставуваат средства за производство.

Според тоа, материјалните трошоци ги опфаќаат двата дела на материјалниот фактор. Сепак, некои автори во материјален трошок го ставаат само трошокот што настанува од предметот на трудот.

Фото:Pixabay