Starbucks ќе продава производи од комбуха во одбрани продавници

58

Ланецот на кафетерии Starbucks ќе почне да продава напитоци од Комбуха, пишува CNN. На менито ќе се најдат шест вкусови на пијалоци под името Evolution, а според компанијата истите веќе започнале да се дистрибуираат во продавници за здрава храна во неколку одбрани градови во САД.

Минатата година продажбата на комбуха генерирала 1,2 милијарди долари, односно постигнала огромен пораст од 40%. Сепак според Starbucks компанијата се уште нема намера истите да ги продава во своите продавници.

Evolution линијата на пијалоци е поздрава варијанта од засладените кафиња што ланецот веќе ги нуди, а токму тоа е и заложбата на компанијата, поголема употреба на здрави напитоци. Комбухата има малку калории и содржи 3 до 7 грама шеќер во зависност од вкусот.

Пијалоците за почеток ќе можат да се купат Њујорк, Бостон ,Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сан Диего и Сиетл, а во текот на есента ќе бидат достапни и во други градови во САД.

Некои од вкусовите вклучуваат меден чај со ѓумбир и лимон, розов цитрон и напиток од манго и ананас, а продажната цена ќе биде 3.99 долари за шише од 430 грама.

Фото:Pixabay