Lyd е иновативно шише што се отвора само при допир со уста и не дозволува течноста да се истури.
Шишето има вградено сензор на допир, којшто работи на батерија што се полни. Кога сензорот ќе детектира допир од усните на корисникот, го повлекува заштитниот дел на капачето и течноста може да се конзумира од било кој дел на краевите на горниот дел од шишето.
Батеријата се полни за само четири часа, а може да издржи и до две недели, со редовно користење на Lyd. Доколку батеријата се потроши во моментот на користење на шишето, заштитниот дел може да се контролира рачно.
Шишето е изработено од двоен нерѓосувачки челик, а доаѓа во две големини 503 и 384 милилитри.
Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 13.651 од потребните 30.000 долари, а истата трае уште 34 дена.
Цените на шишињата во зависност од големината планирано е да бидат 69 односно 79 долари. Првите испораки се очекуваат во ноември.