Facebook го купи стартапот Vidpresso

74

Социјалната мрежа Facebook го купи стартапот Vidpresso којшто на клиентите им нуди пристап до технологија преку којашто можат во реално време да прикажат анкети, коментари и останати известувања од Facebook, Twitter, Periscope и други социјални мрежи.

Технолошкиот гигант го презеде тимот од седум вработени заедно со технологијата, но не и самиот старт-ап, пишува Engadget. Вработените во Vidpresso со текот на времето ќе се преселат во канцелариите на Facebook во Менло Парк, Лондон и во Лос Анџелес, но ќе продолжат да ги нудат услугите на постоечките клиенти како BuzzFeed и Nasdaq.

Се уште не се знае дали Facebook ќе забрани пристап на овие компании до технологијата на Vidpresso. Компанијата во последно време вложува многу напори да ги направи видео услугите значаен дел од својот бизнис, за да може подобро да се натпреварува со своите конкуренти.

Фото: Facebook