Apple-I, првиот производ на Apple, се продаде на аукција за 375.000 долари

58

Првиот производ на Apple, таканеречениот Apple-I компјутер се продаде на аукција одржана во Бостон, Масачусетс по цена од 375.000. Новиот сопственик е “анонимен бизнисмен“ кој ја даде финалната понуда онлајн, пишува BBC.

Уредот беше дизајниран од страна на Стив Вознијак, ко-основачот на технолошкиот гигант. Неговиот бизнис партнер Стив Џобс, го убеди да го спакува и продаде Apple-I, по што производот се најде на пазарот во 1976 година по цена од 666,66 долари.

Се проценува дека Џобс и Вознијак продале околу 200 Apple-I компјутери за помалку од една година, благодарение на договор склучен со локална продавница за техника во Пало Алто, Калифорнија.

Според онлајн регистар, којшто не е поврзан со Apple во светот постојат уште 79 вакви компјутери.