Веге – бургерот од Impossible Foods од следната година во малопродажба

84

Фото: Impossible Foods

Американскиот старт – ап Impossible Foods, којшто се прослави со својот бургер од растително потекло, од 2019 година ќе започне да ја нуди својата храна по маркетите во САД.

Изминативе неколку години веге – бургерот се нудеше само во одбрани ресторани, но од следната година истиот ќе може да се купи и од продавница, пишува Inhabitat.

Сепак, од Impossible Foods не одредуваат кога точно бургерот ќе се најде во малопродажба и не се знае дали тоа ќе биде низ целата земја или само во одбрани маркети.

Овие веге – бургери моментално се служат во 5.000 ресторани во САД, а 2016 година, кога за прв пат беше претставен производот, па досега компанијата има продадено 13 милиони бургери.