Monkeycycle – модуларен велосипед што се приспособува како што детето расте

75

Monkeycycle е модуларна иновација што интегрира осум различни типови на транспорт за децата. Според креаторите, Monkeycycle е количка за бебиња, велосипед за балансирање, велосипед за возење, на две три па и четири тркала, односно се прилагодува на потребите од детето од девет месеци до шест години.

Како што детето расте се додаваат седиште и тркала, па велосипедот може да биде и трицикл, но и возило со четири тркала. Седиштето достигнува максимална висина од 63,5 сантиметри, додека лимитот на тежината е 68 килограми.

Monkeycycle може да се нарача во претпродажба за 249 долари (основен модел) и за 349 долари (модел до целосна опрема).

Производот има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter и досега има собрано 45.041 долари, а тимот од Њујорк првично побарал 25.000. Кампањата трае уште 27 дена, а првите испораки се очекуваат во март 2019 година.