Седум карактеристики на идните лидери

51

Големите идни лидери, уште пред да дојдат на врвот, работите ги прават на малку поразличен начин од другите. Некој можеби ќе се пронајде во следните седум точки коишто експертите велат дека се показател за лидерски способности.

Постојано учење

Многу големи лидери, се токму тоа од желбата постојано да учат и да се надградуваат. Како што светот оди напред со молскавична брзина, така и идните лидери се движат, осознаваат и се во чекор со времето и иновациите.

Вредна работа

Можете да поминете со тактички конверзации и поклонувања, но она што може да ве однесе на врвот е вредната работа. Оние кои не се срамат/плашат да го сработат потешкото, да направат нешто што другите не сакаат или не можат, тие се луѓе кои успеваат. Без ризик нема постигнувања, промени и достигнување на врвови во било кое поле.

“Краткотрајна меморија“

Не станува збор за некаков психички недостаток, туку едноставно за бришење на секој неуспех и продолжување напред. Идните лидери не дозволуваат препреките да им го дефинираат патот. Забораваат на минатото и ја остваруваат иднината.

Без големи планови

Колку повеќе се врзувате за долгорочен план, толку помалку можете да се прилагодувате низ промените што доаѓаат. Ги испуштате можностите што би можеле да ви помогнат за напредок во кариерата. Токму затоа, идните лидери реагираат, не планираат премногу, туку го прават својот план според случувањата и околностите.

Мото: Падни стани

Нивното мото е падни стани, што значи после секој неуспех, гордо се исправаат чекајќи успех. Не остануваат “долу“ и не размислуваат “зошто и како можеше тоа да се случи“. Губењето време не им е од полза и затоа идните лидери набрзина ја учат лекцијата и тргнуваат во нов поход.

Споделување на моќ

Најдобрите лидери успеваат и од своите следбеници да направат луѓе за почит. Знаат кога се потребни и кога треба да се повлечат. Несебично ја даваат својата моќ и позитивно влијаат врз останатите.

Постојана грижа за другите

Ако ви е важен успехот на тимот, а не само вашиот личен перформанс, тогаш вие сте предодредени за лидерска позиција.