Ресторан во Велика Британија нуди бонус оброк ако јадете без телефон на маса

32

Британски ланец на ресторани Frankie and Benny’s со цел да ги охрабри гостите повеќе време да посветат на семејството додека јадат, започнува иницијатива наречена No Phone Zone, односно зона без телефони.

Американско – италијанскиот ресторан ја започна оваа кампања откако беа спроведени истражувања врз група испитаници од 1.500 родители и деца, пишува Mirror.

Според добиените резултати, децата сакаат нивните родители помалку време да поминуваат на телефон, а повеќе да зборуваат со нив кога се во ресторан. Десет проценти од нив се обиделе и да го кријат телефонот само за да добијат внимание. Повеќе од една четвртина родители признале дека ги проверуваат телефоните додека јадат во ресторан, а 23% го правеле тоа додека детето зборувало како му поминал денот.

За да привлече што повеќе гости да јадат без телефон на масата, ресторанот ќе даде и бесплатен оброк за децата.

Кампањата започнува денесka, а ќе трае до седми декември. Ланецот ресторани, којшто има 250 објекти, се надева дека ќе може ова да го направи и пракса во работењето доколку се покаже како успешно.

Фото:Pixabay