Какви прашања треба да поставувате на настани за вмрежување

57

Фото: Pexels

Кога се наоѓате на отворен настан, каде што целта е вмрежување и остварување на нови контакти и соработки, многу е важно како ќе пристапите и какви прашања ќе му упатите на некој што го гледате прв пат.

Еден добар проверен начин, да ги заобиколите секојдневните тривијални прашања е да ги натерате луѓето да раскажат приказна. Тоа е многу подобро од едноличен одговор со два или три збора.

За да умеете да ги најдете вистинските прашања, повикајте се на вашата љубопитност и желба да дознаете малку повеќе за присутните, да проникнете подлабоко во нивните животи.

Исто така, можете да ги направите интересни и неизбежните работи. Наместо “Како си поминавте викендов? прашајте “Се случи ли нешто интересно овој викенд?“ На тој начин ќе имате малку пооригинален пристап и ќе делувате позаинтересирано.

“Од каде сте?“ може да биде малку поинаку…“Кажете ми некоја анегдота/случка од местото од каде што потекнувате?“ Мал заплет во прашањата покажува поголема интелигенција.

Суштината е секое прашање што би можело да се одговори со неколку зборови, да го направите комплексно, предизвикувачко, односно да биде прашање што поттикнува приказна. Можеби овој креативен пристап од почеток ќе им звучи малку чудно на луѓето, но ќе поттикне желба за дискусија за кратко време.

Откако ќе ги добиете основните податоци, ќе можете да поставувате и малку подлабоки прашања што се однесуваат на посложени теми.

Во текот на вмрежувањето ќе дојде и момент да споделите лични интереси, а тука некаде ќе се најдат и слични желби и амбиции и што е најважно почеток на нови соработки.