Работното место честопати може да биде извор на стрес, без разлика дали сте само вработен или сопственик на бизнис. Секој различно реагира на стресни ситуации коишто можат да бидат последица од различни причини.
Во продолжение некои од најчестите “поттикнувачи“ на стрес.
Премногу работа, со невозможни крајни рокови ги прави луѓето нервозни, немоќни, создава чувство на притисок, а со тоа и стрес.
Малку работа од друга страна пак, ги тера луѓето да се чувствуваат како да не се доволни добри за позицијата и како да им се потценети нивните квалитети.
Недостаток на контрола над работните обврски е причина за чувство на несигурност.
Недостаток на поддршка заедно со слаба комуникација водат кон изолација, што е, исто така, причина за стрес.
Доделување на несоодветни задачи се наметнува како проблем, од причiна што вработениот ги нема потребните вештини за да ги заврши обврските.
Грижа за стабилноста на работното место може да биде голема причина за стрес. Никој не би сакал да остане без работа.
Ниски примања се една од најчестите причини за незадоволство, особено ако тоа се провлекува подолг период.
Мобинг или несоодветно однесување од страна на работодавач или колега, исто така, се посочува како проблем и извор на страв.
Неинформираност за случувања во компанијата, односно за важни работи што би требало да ги знае секој вработен предизвикуваат чувство на несигурност и стрес.
Лоши работни услови се секако проблем што, освен психички, може да доведе и до физичка исцрпеност на организмот, па дури да биде и причина за болест.
Конфликти со претпоставени или членови на тимот влијаат на секој човек, а особено ако се случуваат често.