Sulapac е еколошки биоразградлив материјал направен од дрво и останати природни материјали. Тој е дело на биохемичарките Суви Хаими и Лора Килонен, кои откако самите забележале проблем со производите во бањата “тргнале“ по решение. Материјалот ги има истите карактеристики како пластиката, односно отпорен е на вода, масло и не пропушта кислород.
Може да се обликува на различни начини, погоден е за масовно производство, а се користи за пакување на козметички производи, храна, разни подароци и друго. Цената е слична како онаа на пластиката и се произведува со истата опрема.
Најновата неговата намена е еколошка цевка што се разградува и во вода, па така не му штети на морскиот свет. Портфолиото на Sulapaс моментално вклучува теглички со големина од 15, 30, 50, 100, 200 милилитри, во девет бои инспирирани од нордиската култура.