Фото: Ten One Design
Честопати се случува да имаме проблем со приклучување на интернет во некое кафе или ресторан. Бараме некој да ни ја каже лозинката или се обидуваме да најдеме лист каде што истата е испишана. За целиот тој процес да биде полесен, Ten One Design, компанија од САД, креираше уред со којшто корисникот може брзо и едноставно да пристапи до одредена Wi – fi мрежа.
Доволно е само да се допре дрвената подлога на Wifi Porter со паметниот телефон или да се скенира QR кодот со камера. Производот е изработен од 100% рециклирана хартија и воопшто не содржи пластика, пишува Engadget.
Wifi Porter функционира со сите Android телефони што имаат NFC технологија, како и со најновите iPhoneXS и iPhoneXR.
Доколку корисникот нема таков телефон, може да пристапи на интернет преку скенирање на QR кодот означен на долниот дел од подлогата.
Еден Wifi Porter чини 40 долари, додека пакување од четири се продаваат за 129 долари.