Facebook планира да ги спои услугите на Instagram, WhatsApp и Messenger во една, пишува BBC.
Трите услуги ќе продолжат да функционираат самостојно, но ќе бидат поврзани на начин што ќе овозможи поврзаност и “патување“ на пораките помеѓу нив.
Според основачот на Facebook, Марк Цукерберг, тоа ќе биде еден подолг процес и личен негов проект.
Штом спојувањето ќе биде завршено, корисниците на Facebook ќе можат директно да комуницираат со некој кој има профил на WhatsApp.
Услугата се очекува да биде достапна на крајот на 2019 или на почетокот на 2020 година.