Како луѓето да ја забележат вашата интелигенција

48

Како да ги истакнете своите таленти и вештини во право светло, прав момент и пред вистинските луѓе.

Меки вештини

За вашата интелигенција да дојде до израз потребни ви се меки вештини. Треба да умеете да ги контролирате и изразувате емоциите на правилен начин. Така луѓето ќе гледаат на вас како лидер. Освен тоа, потребно е да имате развиено емпатија кон останатите, добри интерперсонални вештини коишто дополнително ќе ве направат допадливи и компетентни.

Добар прв впечаток

Најбрз и најлесен начин луѓето да ве перципираат како интелигентни е со добриот прв впечаток. Импресионирајте ги со срдечност, топла насмевка и љубезност. Пристигнете навреме спремни за нови хоризонти и полни со добри идеи.

Вистински прашања

Внимателно одбирајте што ќе го прашате соговорникот. Поставувајте паметни прашања што повлекуваат проникливи одговори на коишто може да се надоврзе подолга и значајна дискусија. Притоа, не смеете во ниеден момент да изгледате арогантни и егоистични.

Читајте

Наместо да зјапате во телефонот, понесете со себе списание, книга или весник… Така ќе изгледате интелигентно и луѓето ќе сакаат да разговараат со вас. Читајте колку што можете повеќе, ќе добиете и одличен материјал за почеток на еден спонтан разговор. Можеби и личноста до вас ја прочитала истата книга, статија или колумна, па средбата ќе биде уште поинтересна.

Гестикулација

Во умерени граници и точно во моментот кога сакате нешто да потенцирате, добро е да гестикулирате со рацете. Обично оние луѓе кои умешно ја спојуваат гестикулацијата со зборовите звучат мудро. Сепак не посегнувајте го неа кога не можете да го најдете правиот збор во моментот.

Став

Не само зборовите и гестикулациите, туку и начинот на којшто стоите и седите ја покажува вашата интелигенција. Стојте исправено со рамената наназад, исто и кога седите, не бидете згрбавени. Главата горе, погледот фокусиран и без нервозни движења, покажете дека сте сигурни во себе.

Фото: Pexels