Фото: Pixabay
Секој од нас се нашол во ситуација на ментален блок, на дефокусираност е неможност да се работи. Еве како можеме да си помогнеме во тие ситуации.
Разговарајте со пријател
Одберете ја личноста што ќе може да ви понуди искрен совет и да ве ислуша. Споделете го проблемот што го имате и слушнете што другата страна има да каже. Можеби одговорот бил цело време пред вас, а не сте забележале.
Читајте
Одвоеното време за добра книга може да ви ги оттргне лошите мисли и да ви даде позитивна енергија. Едноставно изгубете се за момент во некој друг свет. Стегите од секојдневието ќе исчезнат, ќе добиете елан за работа и ќе ја подобрите концентрацијата.
Водете мини дневник
Тоа може да биде едноставен мал потсетник каде ќе го запишувате секој проблем што ви ги опседнува мислите… што го создало проблемот, можните решенија, кој сè е вклучен и слично. Нека сета таа негативна енергија се преточи на лист хартија.
Вежбајте
Трчањето е одлично за ослободување од стрес. Доколку тоа е невозможно одете во теретана или вежбајте дома. Физичката активност е одлична не само за телото, туку и за мозокот. Докажано е дека луѓето што вежбаат можат многу полесно да останат фокусирани на она што го работат.
Оставете ја технологијата
Колку и да е неопходна денес, технологија може и дополнително да ги компликува работите и да предизвика уште поголем стрес. Затоа, во моменти кога ви се чини дека не сте способни да извршите ниедна задача, “исклучете се“. Оставете ги сите уреди, излезете некаде, на кратко, и обидете се да заборавите на сè. Откако ќе си го избистрите умот (барем делумно) тогаш вратете се на обврските.