Ако сте на функција којашто повлекува голема одговорност за бизнис, за тим, за организација… тогаш од клучно значење е да бидете пример за лидерство. Секогаш постои простор за подобрување.
Еве како може да бидете лидерот што сите го сакаат.
Страст за работата
Кога тимот гледа со колкава страст работите и колку сте возбудени кога доаѓа нов проект или кога се одредуваат цели, тогаш и тие така ќе реагираат. Прославувајте го секој успех и признавајте ја сечија несебична заложба, на тој начин ќе ги поттикнете вработените да бидат најдобра верзија од себе.
Поттикнување на соработка
Секој во тимот треба да ги споделува своите идеи и да соработува секогаш кога е неопходно, а вие како лидер треба да настојувате тоа да стане пракса. Така, шансите ќе бидат поголеми да се дознае нешто ново, да се научи повеќе, или да се дојде до решение на одреден проблем.
Смиреност
Вистинското мерило за лидерство е способноста да се остане смирен и во најтешки ситуации. Без разлика со каков проблем се соочувате на работа, треба да реагирате оптимистички, со “ладна глава“, и не смеете да покажете слабост особено пред своите вработени.
Вклученост
Вистинскиот лидер ги “засукува ракавите“ и дава одличен пример за посветеност кон работата. Не треба само да седите и делегирате од далечина. Бидете во сржта на случувањата кога ќе има потреба, голема е веројатноста и да добиете нова идеја и ново гледиште на нештата. Сепак она што е најважно ќе биде вашиот пример дека сте лидер за кој ниедна задача не е помалку важна од другата.
Фото: Pixabay