Lego претставуваат едни од највлијателните и најпрепознатливи детски играчки во светот. Фигурите во различни бои и големини се магнет за голем број генерации, почнувајќи од 90-тите години на минатиот век. Но, каде и како започнува успешната приказна за Lego?
Групацијата Lego се развива од една скромна работилница на Оле Кирк Кристјансен, дрводелец од Данска. Тој имал голема пасија да создава играчки за деца од дрво. Бил препознатлив по широката и ведра насмевка, како и пријатното расположение што владеело во неговата работилница. На патот до успехот, тој често пати се соочувал со големи потешкотии и предизвици. Па така, во 1924 година избувнал пожар во работилницата, а огнените јазици ги проголтале сите модели што тој ги направи дотогаш. Во 1932 година, Кристјансен останува сам со своите четири, откако неговата жена починала. Но, желбата да продолжи му дала сила на Кристјансен и во 1934 година го дава името Lego на неговата фирма, што на дански значи leg godt – или играј убаво.
Пред 50-тите години од минатиот век, Кристјансен го модернизира процесот на изработка на играчки со нова машина, што наместо дрво користи пластика. Голем број родители во тоа време се противеле на пластичните играчки за нивните деца, бидејќи ги претпочитале дрвените. Во тој момент, Кристјансен бил поставен пред нов предизвик, како да ја врати славата на својата компанија. Тој се сетил на малата тула што ја имал во својот џеб, па така од 1947 година го започнува производството на култните лего коцки.
Денес веќе Lego е бренд кога станува збор за детските играчки, а групацијата е активна со повеќе од 140 продажни салони ширум светот. Оваа данска компанија е и една од најмоќните брендови во светот, со значителен финансиски профит.
Фото: Lego