Преку вложување во развој на дигиталните вештини до нови работни места

44

Повеќе од 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места се предвидени во новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, усвоен на Влада.

Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години, кои преку најразлични обуки и прекфалификации ќе можат да се вработат.

Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од побарувани дигитални вештини, како и потребите од напредни ИТ вештини.

По завршувањето на учеството во предвидените мерки, невработените лица кои нема да се вработат, ќе имаат можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план.

Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.

Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95% реализација, а очекувањата се планот за 2019 година да има уште поголем успех.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.