Levia – ламба што лебди во воздух

124

Фото: idea3Di 

Levia е столна ламба којашто користи систем на магнетна левитација, каде што еден предмет виси под друг благодарение на магнетно поле. На тој начин LED ламбата изгледа како да лебди во воздух што го прави овој дизајн уникатен.

Основата е изработена од два типа на квалитетен мермер Carrara и Marquina, коишто се сечат со CNC машина и потоа се обликуваат рачно. Производот е дело на италијанското студио idea3Di, а за финалниот изглед заслужни се врвни италијански мајстори.

Мермерната основа е обложена со гума што не дозволува лизгање и штити од гребнатинки.

Ламбата лебди на околу 20 сантиметри од основата, а се пали и гасне преку копче на допир. Кабелот е обложен со специјална ткаенина што придонесува за поестетски изглед.

Светилката не користи внатрешни батерии се пали преку електромагнетна индукција. LED сијаличката трае околу 50.000 работни часови, или ако се користи осум часа на ден, 365 дена годишно може да трае 17 години.