Во животот ќе наидете на различни луѓе, за некои ќе направите добра проценка, но може да се случи и да згрешите. Како да ги препознаеме оние кои ни мислат добро наспроти лажните пријатели кои работат само во своја полза.
“Исчезнуваат“ кога ви треба нивната помош.
Ги озборуваат другите пријатели пред вас. (што значи дека и вие сте мета на озборување).
Се обидуваат да ви префрлат вина кога нештата не функционираат како што треба.
Не се радуваат на вашите успеси и постигнувања.
Ве навредуваат за одредени мислења и ставови.
Даваат строги осуди за вашите маани и грешки.
Ретко иницираат средби и ретко ви се јавуваат.
Го насочуваат разговорот во нивна полза.
Не ве бранат кога некој друг ве критикува.
Често забораваат на ветувањата и не си стојат на зборот.
Се случува да ве посрамотат пред други луѓе.
Се јавуваат само кога немаат што друго да прават.
Брзо се навредуваат од вас.
Забораваат на работи што вам ви се многу важни.
Можат лесно да ве избришат од листата на пријатели.
Фото: Pixabay